Албанец со 50 евра мито сакал да премине граница

748

На граничниот премин Блато, денеска во 13.10 часот на влез воМакедонија, полициски службеници привеле албански државјанин кој за 50 евра мито сакал да ја помине границата, информира МВР.

– Полицијата го лишила од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, бидејќи при вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете – велат од МВР.






Од полицијата велат дека А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини