АЛБАНЦИТЕ СИ ГО ДОБИВААТ СВОЈОТ ДЕЛ Ние ги исправаме вашите грешки, му порача Меџити на Ахмети

Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се Вреди, а се ДУИ, изјави Изет Меџити.

574

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ги отфрли обвинувањата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата Вреди да излезе од Владата.

Меџити, во интервју за „Лајм“ истакнува дека Албанците од оваа Влада си го добиваат својот дел.






– Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се Вреди, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Тоа е првпат една Влада да не прави разлика како во минатото, кога Чаир и Тетово не добија ниту денар од буџетот на Македонија. Не држи констатацијата на Ахмети – рече Меџити, соопштија од неговата партија Демократско движење.

Поврзани содржини