Албанците побараа од Вучиќ министерско место и уште неколку функции (ФОТО)
Арифи напиша на „Фејсбук“ дека заедничката листа на изборите на 21 јуни „Албанска демократска алтернатива - Обединета долина“ денеска имала консултации со Вучиќ за формирање на нова српска влада и вклучување на Албанците во неа.
Градоначалникот на Прешево, Шчиприм Арифи, го објави она што делегацијата на албанските партии денеска го побара од Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како што изјави тој, тие поднеле барање да се добие позиција на министер за локална самоуправа, помошник министер за економија, државен секретар во Министерството за образование и претседател на Координативното тело на Владата на Србија за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓе.
Арифи напиша на „Фејсбук“ дека заедничката листа на изборите на 21 јуни „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ денеска имала консултации со Вучиќ за формирање на нова српска влада и вклучување на Албанците во неа.
– Денес, му ставивме до знаење на претседателот Вучиќ за ставот на Албанците во Прешевската долина. Овој пат поинаку. Ако тој сака да му покаже на светот колку се европски како народ, сега е време да го докажеме тоа. Нема повеќе зборови. За нас Албанците да станат дел од владата, бараме следниве услови: 1. Министер за Министерство за локална самоуправа, 2. Помошник министер за економија: 3. Државен секретар во Министерството за образование, 4. Претседател на телото за координација. Чекаме одговор! – напиша Арифи.
Коалицијата „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ напиша во писмото до Претседателот на Србија дека е заинтересирана за интеграција на Албанците во српските државни институции, решавање на проблеми во образованието, економски развој на регионот, судски прашања и целосна интеграција на Албанците во координативно тело во Владата на Србија за општините Прешево, Бујановац и Медведеѓе.