АЛБАНЦИ НАПРАВИЛЕ ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА СРЕДЕ ЛОНДОН Барале 400.000 фунти за киднапиран маж, полицијата успеала да ги уапси
За да го уверат братот, тие му испратиле снимки од киднапираниот човек. Барале парите да им бидат доставени во рок од четири дена.
Седуммина Албанци киднапирале и четири дена измачувале 30-годишен маж во Лондон, а од неговиот брат побарале 400.000 фунти за откуп, пишува британски Телеграф. За да го уверат братот, тие му испратиле снимки од киднапираниот човек. Полицијата од Лондон, британската Национална агенција за криминал и албанската полиција спроведоа серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж.
Седуммината се уапсени од страна на албанската полиција. Мажот е безбеден и под полициска заштита.