АЛБАНЦИ И МАКЕДОНЦИ ЕВАКУИРАНИ ОД ПОЖАР Во Гренобл се запали мигрантски камп

Во овој камп веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот.

1,326

Попладнево избувна пожар на улицата дес Алие во ромскиот камп во Гренобл, во кој живеат и семејства од Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Париз.

За гаснење и спречување на ширењето на пожарот, кој е пријавен нешто по 15 часот, се мобилизираа повеќе пожарникари. Утврден е безбедносен периметар бидејќи пожарникарите стравуваат од експлозија поради присуство на плински боци. Засега сѐ уште не се познати причините за пожарот.






Во овој камп веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот. Градското собрание формираше екипи за да се обиде да им помогне.

Поврзани содржини