🎥 АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈАТА ПО НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА Скијатос без вода и без струја, патници заглавени на брод и на аеродром
На Скијатос поплавени се куќи и продавници, струјата во поголем дел е исклучена, полицискиот час сè уште е во сила а стотици туристи се обидуваат да заминат од островот.
Драматична е состојбата во Грција поради невремето „Даниел“ што ја опустоши земјата. Островот Скијатос остана без вода и струја, пренесува ЕРТ .
На Скијатос поплавени се куќи и продавници, а штетите на инфраструктурата се сериозни. Се напоменува дека полицискиот час сè уште е во сила. Градоначалникот на Скијатос, Тодорис Кумас, побарал да се прогласи вонредна состојба, објави Прототема.
Downtown Skiathos this evening.
Given the amount of rain falling over much of Greece catastrophic flooding is inevitable.pic.twitter.com/lEfJjKoeqc
— Dave Throup (@DaveThroup) September 5, 2023
Противпожарната служба на тој реон примила 109 повици, додека досега се распоредени 20 пумпи за вода и 20 лица се пренесени на безбедни места.
Драматична е и состојбата во пристаништето Скијатос.
Stranded in #Skiathos, #Greece. #greecefloods pic.twitter.com/8m7s2xVGa9
— Zahra (@zahrasalah0_0) September 5, 2023
На видеата објавени на социјалните мрежи изгледа како пристаништето да се „удавило“ во матна вода, додека сега, иако нема пороен дожд, дува многу силен ветер.
Во драматична ситуација се најдоа 384-те патници на бродот „Супер Звезда“ на бротската компанија Си Џетс, кој вчера попладне од пристаништето Скијатос тргна кон Волос, но поради механички дефект пловел со мала брзина. Бродот не може да стигне до својата дестинација и сега е заглавен неколку километри пред пристаништето Волос.
Бродот со 53-член екипаж синоќа пловел спротивно од ветерот. Има стотици поплаки од патници кои 12 часа биле заробени на бродот. Засега не се разјаснети причините поради кои бродот сѐ уште не влегува во пристаништето.
Околу 300 туристи се заглавени и на аеродромот во Скијатос. Поради лошото време, многу од туристите на островот се подготвуваат за заминување, а стотици веќе чекаат на аеродромот.
Horrendous scenes. We’re currently in the airport, been locked in for over 12hrs and no flights out until Thursday. It’s surreal #skiathosflood #skiathos #skiathosairport https://t.co/WyNO917nQ5 pic.twitter.com/fc5AIJgkuh
— andrew callaghan (@studiocallaghan) September 5, 2023
Британски турист кој повеќе од 12 часа чека на аеродромот да полета неговиот авион, пренесува драматични сцени.
Туристите поставија камп на аеродромот обидувајќи се да спијат. Други се легнати на лентата за багаж.
„Ужасни сцени. Моментално сме на аеродромот, тука сме затворени повеќе од 12 часа и немаме летови до четврток. Надреално е“ – пишува британскиот турист.
Во еден од коментарите опишана е алармантната состојба на островот.
„Патиштата се затворени, а струјата е исклучена во поголемиот дел од градот. На аеродромот има храна и вода. Можеби летовите ќе започнат во четврток. Дождот престана, но сега дува ветер“.