АЛАРМАНТНА Е СОСТОЈБАТА ВО ЈСП СКОПЈЕ Запалените автобуси стануваат секојдневие по улиците

Секојдневните дефекти и пожари на автобусите предизвикуваат големо незадоволство кај граѓаните, кои се соочени со несигурен и небезбеден јавен превоз. Старостта на возилата, како и недостатокот на редовно одржување, се укажани како главни причини за овие проблеми.

953

Уште еден автобус на ЈСП „Скопје“ се запали денеска, овојпат на раскрсницата кај „Веро Џамбо“. Благодарение на брзата реакција на возачот, кој со апарат за противпожарна заштита го совлада огнот, спречена е поголема катастрофа. Чадот кој се издигнувал од моторот на автобусот предизвика паника кај минувачите.

Ова е само еден во низата случаи на пожари и дефекти на автобусите на ЈСП во последните месеци. Слични инциденти беа регистрирани во Бутел, под Железничка, а на Партизански одреди имаше случај кога од автобус излета гума.






Секојдневните дефекти и пожари на автобусите предизвикуваат големо незадоволство кај граѓаните, кои се соочени со несигурен и небезбеден јавен превоз. Старостта на возилата, како и недостатокот на редовно одржување, се укажани како главни причини за овие проблеми.

Граѓаните многупати досега го изразија своето незадоволство поради проблемите со јавниот превоз, бидејќи како што велат тие со часови чекаат автобуси. Често се случува истите да се расипат во текот на возњето.

УШТЕ ЕДЕН „КИНЕЗ“ СЕ ЗАПАЛИ Повторно инцидент со автобус на ЈСП

📽️ КАЈ ДОЦНАТ, ПА УШТЕ И ЛЕСНО СЕ ПАЛАТ! Се запали нов автобус на ЈСП во Бутел

СКОПЈАНИ ОСТАВЕНИ НА ЖЕШКИОТ АСФАЛТ БЕЗ ПРЕВОЗ 20 автобуси на ЈСП повлечени поради дефект

АВТОБУС НА ЈСП „ИСПУШТИ ДУША“ КАЈ ВЛАЕ По пожарот, се расипа друго возило на Јавното претпријатие

ГОРЕШЕ АВТОБУС НА ЈСП ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА Возилото било паркирано и без патници во него

АКО СЕ ВОЗИТЕ СО 22-КА НА ЈСП СНАОЃАЈТЕ СЕ! Автобусите повлечени поради дефекти, ги нема ни за лек

Поврзани содржини