АЛАРМ ВО ХРВАТСКА: Сокови и води од познат бренд предизвикале труење и оштетување на органите

Едно лице во Риека заврши во болница со оштетувања на хранопроводникот и желудникот откако испило негазиран сок во ресторан, примероци на сокови и минерална вода од познат производител се земени на анализа.

821

Во Хрватска едно лице заврши во болница поради труење со сок и вода од познат производител. На социјалните мрежи се проширија пораки со предупредување до граѓаните да не консумираат сокови и води од познатиот бренд бидејќи предизвикуваат оштетување на хранопроводникот и желудникот. Оваа информација официјално не е потврдена откако е објавена на социјалните мрежи, а името на споменатиот бренд сѐ уште не е објавено во јавноста бидејќи примероците од посочениот пијалок се земени на испитување, и засега сè уште не е официјално потврдено дека предизвикуваат труење.

„Во КБЦ Риека едно лице е примено на болничкото одделение поради сомневање за хемиска повреда на хранопроводникот. Нејзината здравствена состојба моментално е стабилна, а посочените дијагностички и терапевтски процедури продолжуваат. Веднаш по пријавувањето во Установата и лекувањето во Ургентното одделение на Обединетата болница, кое и претходело на хоспитализацијата, до надлежните истражни органи на ЈП Приморско-горанска е доставена пријава “ – информираа од болницата во Риека, пренесуваат хрватските медиуми.






Случајот го потврди и полицијата во Риека од каде информираа дека „на 4 ноември годинава во Полициската управа Приморско-горанска е пријавена дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во еден од рестораните во центарот на Риека и е пренесено во КБЦ Риека заради обезбедување на соодветна медицинска асистенција“.

Оттаму додаваат дека во досегашната постапка полициски службеници извршиле увид, одземени се одредени предмети во посочениот угостителски објект и обавени се разговори со повеќе лица.

Од Институтот за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово за Нови лист потврдија дека денеска пристигнуваат на анализа првите примероци на сокови и минерална вода од познат производител. Од кафулиња во Риека наводно биле земени шишиња со пијалоци.

Поврзани содржини