До 18:30 часот денеска регистрирани се 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ (9):
Општина Чучер Сандево: помеѓу село Блаце и село Горњани, местото викано Рамна шума (шумски пожар)
Општина Прилеп: село Бешиште, местото викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Македонски Брод: помеѓу село Црешнево и село Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума)
Општина Василево: село Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Крива Паланка: село Лозаново
Општина Тетово: патен правец Тетово – село Селце (дива депонија)
Општина Делчево: местото викано Брежје (нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки)
ПОД КОНТРОЛА (4):
Општина Македонски Брод 1: село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката „Самоков“)
Општина Македонски Брод 2: село Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод 3: село Слатина (нискостеблеста мешана шума)
Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија)
ИЗГАСНАТИ (16):
Општина Шуто Оризари: село Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: село Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: улица 3 Македонска Бригада (сува трева)
Општина Кисела Вода: улица Малешевска во населба Драчево (сува трева)
Општина Струмица: село Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Велес: градска депонија во Велес (ѓубре)
Општина Кавадарци: улица Диме Туриманџов (ѓубре)
Општина Делчево: местото викано Брежјето (грмушки и сува трева)
Општина Куманово: населба Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: село Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: село Конопница (борова шума)
Општина Желино: село Ларце – село Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово: село Џепчиште (сува трева)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Кочани: кај селата Јастебник и Полаки, место викано Бабиште (шума и сува трева)