АКТИВНА БЛОКАДА НЕ Е ИНСТАНТ АКЦИЈА Мицкоски вели дека ќе се отвори дискусија и за вториот и за третиот чекор
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој оној закон, секоја онаа иницијатива како што беше онаа за Законот за автентично толкување за игри на среќа и ред други закони. Ќе ги блокира ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие закони не носат добро за граѓаните.
Тука имаме една чудна би рекол навистина интересна состојба, истите тие кои што пред медиумите велат дека активната блокада не успеал, коленичат и плачат пред странските амбасади како ВМРО-ДПМНЕ блокирала, како ВМРО-ДПМНЕ бојкотирала итн. Значи зборуваме за луѓе кои што сакаат да бидат мачо пред медиумите и мислат дека така македонската јавност ќе рече браво вие сте цврста власт, покажете им како треба. А, од друга страна коленичат и солзи ронат пред амбасадорите и пред амбасадите мислејќи дека на тој начин тие ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе се уплаши и готово тоа што сме го наумиле ќе нема да го спроведеме. ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасна и јас бев многу јасен, го чекавме 100 дена, подававме рака дури и лично губевме од сопствената супстанца, трпевме и удари од народот зошто сме млаки, зошто не нема, зошто молчиме. Но бевме свесни дека треба да оставиме 100 дена. Еве ова се би рекол од геостратешка смисла сложени моменти и за Европа и светот, сакавме да бидеме државо – одговорни како што секогаш бил ВМРО-ДПМНЕ така и сега. Поминаа 100 дена, дадовме последна шанса до Ковачевски и останатите за дијалог“, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Мицкоски додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ даде шанса, сепак власта одлучи на еден брутален начин да ја одбијат подадената рака.
– Тоа е нивна одлука, дали е исправна времето ќе покаже. Но, она кое што ВМРО-ДПМНЕ тогаш го кажа и јас лично беше следново, се што не е од интерес за граѓаните ние ќе блокираме од Парламентот како прв чекор. Во понеделник ќе имаме седница на Извршниот комитет, ќе отвориме и дискусија и за вториот и за третиот чекор, ова е стратегија која што многу ќе трае. Ова нема да биде инстант акција која што ќе заврши денес или утре. Ова е стратегија која што ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката. Од една страна на медиумите ќе им кажат видете ние успеавме да го скршиме отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна пред странските амбасади ќе коленичат и ќе плачат и ќе викаат видете овие ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој оној закон, секоја онаа иницијатива како што беше онаа за Законот за автентично толкување за игри на среќа и ред други закони. Ќе ги блокира ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие закони не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи.
– Сакам да апелирам на одговорност и до Талат Џафери и до СДСМ и до ДУИ веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи. И наместо повторно да ги блокираат успешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да го стават на Пленарна седница и да го изгласаме затоа што на крајот од денот бенефит од тоа треба да видат граѓаните, тие кои што ги плаќаат и нив, и нас. И затоа нека бидат барем еднаш одговорни и нека престанат да плачат по амбасадите, нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што тоа е сега, народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општина каде што ќе биде власт, а они имаат 10—тина, 15 колку и да се. Но, на крајот на денот народот е тој кој што добива. Еве веднаш ви кажувам на отворена сцена дека тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, мислам дека тука ќе добие Кисела Вода повеќе од милион евра, ќе ги вложиме во подобри услови за живот на граѓаните – рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека како партија работат да има избори, а опцијата на ВМРО-ДПМНЕ е условно речено албанските опозициски партии и тука немаа дилема.
Мицкоски посочи дека има еден услов кој што важи во Уставот, а тоа е бадинтер. За да се спроведат тие реформи кои што планира да ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ за да може Македонија да оди напред, дел од тие закони зависат од условот бадинтер.
– И затоа се обидов еве на отворена сцена да правиме измени кои што се оние проценти во Уставот, да нема бадинтер, да нема балансер, да луѓето напредуваат согласно своите компетенции и знаења и вештини. И да може да ја водат државата оние кои што народот ги одбрал. Ако народот го одбрал ВМРО-ДПМНЕ со 61, да ја води државата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што тој ќе ја состави. Но, поради тој услов бадинтер ќе мора ние да ја адаптираме таа коалиција. И затоа сум еве убеден дека опозиционите условно кажано албански партии на следните предвремени парламентарни избори ќе го поразат ДУИ. И мислам дека е време ДУИ да помине одреден период во опозиција – нагласи Мицкоски.
„Ние имаме членови од сите етнички заедници, Македонија за сите луѓе – тоа е кампања која што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше. Нормално секој кој што има амбиција и квалитети и компетенции да работи за Македонија,а не како оние министри кои што се срамат да кажат дека се македонски министри и кои што се срамат да застанат пред македонското знаме, се добредојдени и јас лично ги охрабрувам и веќе имам со неколку десетици такви Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи разговори да се најдат на пратеничката листа на идната победничка коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со минимум 61 освоен пратеник“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува тоа и затоа го повикувам еве и Љупчо Георгиевски, и Маја Морачанин, Павле Трајанов и овој министеров за локална самоуправа Горан Милевски и останатите. Тоа што си е го ветија пред граѓаните, пред народот, тие велеа ако немаме една изборна единица ќе ја напуштиме Владата. еве помина април месец и тоа беше крајниот рок, а денеска сме 14-ти мај, две недели потоа, а нив ги нема никаде, ни да гукнат ни да бекнат. Мила им е власта, привилегиите им се мили, народот тоа го плаќа за жал, но не сфаќаат дека секоја работа има свој почеток и крај. Така што колку побргу сфатат дека крајот доаѓа, толку полесно ќе паднат. Колку повеќе се инаетат, толку потежок ќе им биде падот – нагласи Мицкоски.