АКТИВИСТИ НА ЛЕВИЦА ЈА „ОКУПИРАА“ МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ Заев, Пендаровски и делегациите мораа да ги заобиколат за да положат цвеќе (ФОТО)
Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.
Обелечени во црни маици со обележја на партијата, активисти на Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание.
11 партиски активисти застанаа пред споменикот и го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.
Церемонијата заврши предмалку, а таму меѓу другите се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски.