АКТИВИРАНИ АЛАРМИТЕ, ЗАПОРОЖЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА Русија вели дека украинските гранатирања се причина за шумскиот пожар

Според прелиминарните информации, дошло до прекин на струја поради пожар предизвикан од континуираното бомбардирање на украинската армија, кое продолжи од синоќа. Пожарот ги зафатил нивите и ниската вегетација, што потоа предизвикало краток спој во електричната мрежа, обвини Балицки, лидерот на руската администрација во регионот.

331

Пожар кој предизвикал прекин на струјата ги вклучи безбедносните системи во најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје во Украина. Според првите информации се работи за шумски пожар. Ова го велат членовите на руската управа во регионот. Централата е привремено поврзана на алтернативен извор на енергија, потврдуваат официјалните лица, за вработените да не седат во мрак. Не е потврдено што го предизвикало пожарот.

Но, Евхенџи Балицки, лидерот на руската воено-цивилната администрација на градот ја обвинил украинската армија за инцидентот, јавува РТ.






– Според прелиминарните информации, дошло до прекин на струја поради пожар предизвикан од континуираното бомбардирање на украинската армија, кое продолжи од синоќа. Пожарот ги зафатил нивите и ниската вегетација, што потоа предизвикало краток спој во електричната мрежа –  рече Балицки.

Пожарите, кои зафатија делови од степата и шумите што го опкружуваат градот Енергодар, доведоа до краток спој во локалната мрежа, оставајќи без струја не само делови од регионот Запорожје, туку и соседниот регион Херсон.

За потсетување, нуклеарната централа е под контрола на руската армија на почетокот на март.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е одговорен за борбените операции во близина на електраната што може да доведе до нуклеарна катастрофа поголема од онаа во Фукујама и во Чернобил.

Поврзани содржини