АКТИВЕН Е ВУЛКАНОТ НА ЛА ПАЛМА Лавата уништи 1.800 станбени згради
Шпанскиот Национален географски институт соопшти дека на Ла Палма денеска се регистрирани 42 сеизмички активности, а најсилниот потрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Научниците, кои ја следат ерупцијата на Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма, тврдат дека набрзо нема да заврши активноста на вулканот.
Ерупцијата на Кумбре Виеја почна на 19 септември и четири недели не престанува неговата активност.
Шпанскиот Национален географски институт соопшти дека на Ла Палма денеска се регистрирани 42 сеизмички активности, а најсилниот потрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Лавата уништи 1.800 станбени згради, 742 хектари земјиште, а од островот се евакуирани 85.000 луѓе.