Грегори Тајри Бојс, познат по улогата на Тајлер Кроули во филмската сага „Самрак“, почина на 31-годишна возраст, пренесува „Мирор“. Медицинските истражители во Лас Вегас ја потврдиле неговата смрт заедно со неговата девојка Натали Адепоју (27). Во „Самрак“ тој го глумеше ликот кој беше вљубен во Бела Свон, која ја отелотвори актерката Кристен Стјуарт.
Причината за нивната смрт сѐ уште се истражува, а близок извор им потврдил на странските медиуми дека биле пронајдени мртви во нивниот стан во Лас Вегас. Токсиколошкото вештачење сè уште е во тек.
– Братучетката на Грегори се разбудила и забележала дека неговиот автомобил е сè уште покрај куќата. Таа се загрижила затоа што тој тогаш требало да биде во Лос Анџелес. Братучетката отишла да провери што се случува и го пронашла мртов – рекол изворот и додал дека пред неговата смрт тој бил многу зафатен со работата. Сакал да отвори ресторан заедно со неговата девојка.
На Фејсбук, неговата мајка се збогува со него, нарекувајќи го најдобриот готвач.
– Јас сум болна без тебе. Јас сум растргната, изгубена и во болка – напишала таа.
Грегори зад себе ја остави ќерката Алаја (10) и неговата девојка синот Еџипт.
FOTO: Instagram