АКТЕРОТ Е СКРШЕН ОД ТАГА Ова е жената која Алек Болдвин ја уби на снимање

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Rust“ (Рѓа), се вели во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

5,100

Светот го обиколи веста за смртта на снимателката Халина Хачинс, која беше убиена од актерот Алек Болдвин додека пукал од реквизити на снимањето на филмот „Рѓа“. Филмскиот свет е скршен од веста за смртта на снимателката, а многу колеги од светот на продукцијата се збогуваат со неа.

Халина Хачинс беше снимателка со место на живеење Лос Анџелес, која дипломирала на Конзерваториумот АФИ во 2015 година и оттогаш остварила неколку успешни проекти. Халина е избрана за една од американските кинематографски ѕвезди во подем во 2019 година. Нејзината работа на суперхеројскиот акционен филм „Archenemy“ на Адам Египет Мортимер, во кој главната улога ја има Џо Манганиело, беше премиерно прикажан на Beyond Fest 2020 година и беше во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал Ситгес, добивајќи номинација за најдобар филм.






По потекло од Украина, Халина пораснала во советска воена база во Арктичкиот круг опкружена со ирваси и нуклеарни подморници. Дипломирала меѓународно новинарство на Националниот универзитет во Киев, Украина, а претходно работела како истражувачки новинар во британската документарна продукција во Европа. Да потсетиме, пукајќи куршум од реквизит, Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на филм во четвртокот во Ново Мексико, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Rust“ (Рѓа), се вели во соопштението на шерифот на округот Санта Фе. „Канцеларијата на шерифот потврди дека две лица биле застрелани за време на снимањето на „Рѓа“. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал истрел од реквизитите, се вели во соопштението на полицијата.

Поврзани содржини