Актерот е 18 дена на респиратор поради коронавирусот, а сега му ја апмутираа ногата ФОТО

6,680

Актерот Ник Кордеро (41), кој е во тешка состојба поради коронавирусот, е подложен на операција со која му ја ампутирале десната нога, рекла неговата сопруга Аманда Клоутс на Инстаграм.

– Мораа да му ја ампутираат десната нога поради згрутчување на крвта. Средството за разретчување на крвта не помогна, туку предизвика уште поголеми проблеми. Затоа, лекарите престанаа да му го даваат. Операцијата помина многу добро – рекла Аманда.






Коредо веќе 18 дена е на респиратор додека се бори со коронавирусот. Неговата сопруга покрена танцувачки предизвик, во кој ги замоли нејзините следбеници на социјалните мрежи да танцуваат на песната на Ник „Live Your Life“ и да го поставуваат хаштагот Разбуди се Ник.

Продуцентот Алекс Бонило на страницата GoFundMe започна кампања за собирање средства за Ник и неговото семејство.

„Нашиот пријател Ник имаше уште една операција додека се бори со коронавирусот. Да ги поддржиме Ник, неговата сопруга и малиот син“, напишал тој.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини