Британската актерка Кејт Бекинсејл (47) е снимена викендов на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк, каде ја пречекала својата единица, ќерката Лили Шин (22), која ја доби во бракот со поранешниот сопруг, актерот Мајкл Шин (52).
Бекинсејл рекла дека својата ќерка не ја видела цели две години поради коронавирусот и епидемиолошките мерки, особено поради карантинот.
– Му благодарам на Господ за видеоповиците – рекла актерката.
Лили Шин, инаку студентка на Универзитетот во Њујорк, цело време во текот на пандемијата престојувала таму.
– Меѓу другото, и јас бев во Канада, а таа не можеше да дојде да ме види – додала Бекинсејл.
– Мислам дека е најапсурдна работа е да не го видиш своето дете две години, но тоа ни се случи – изјавила актерката.
Лили, која тргна по стапките на своите родители, исто така се занимава со глума. Бекинсејл открила дека нејзината ќерка го снимила првиот филм во Њујорк, и тоа, со Николас Кејџ. На прашањето дали ѝ дала некој совет на својата ќерка, Кејт рекла дека ѝ порачала да стане лекар.
Лили пристигнала на американскиот аеродром во друштво на своето момче Дејвид Шехтер.
– Доста е страшно тоа што веќе толку многу порасна – рекла Бекинсејл во една прилика.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм