Американската актерка Алиша Силверстон (43), позната застапничка за правата на животните и веганската исхрана, а често предизвикува бес во јавноста заради нејзиниот активизам и неконвенционалните методи на одгледување на детето.
Таа неодамна повторно ја шокираше јавноста откривајќи детали за една вечерна рутина со својот син, кој се вика Беар Блу (9), за време на самоизолацијата поради пандемијата на коронавирусот.
– Мојот син и јас заедно се капеме заедно во кадата, а кога тој не е со мене, јас сама се капам и тоа навистина ме закрепнува и смирува – изјавила таа за „Њујорк тајмс“.
Пред осум години, светот се зачуди кога изјави дека пред да му понуди на своето дете залче од храната, таа прво самата го џвака во својата уста. Актерката исто така јавно зборуваше за противењето на вакцините.
Алиша е позната приврзаничка на веганскиот стил на живот, а така ја прави и нејзиниот син, иако портпаролката на актерката за „Њујорк тајмс“ изјавила дека детето повеќе сака таква исхрана и затоа нема тантруми. (нервозни, бесни испади)
– Кога го зачнавме Беар, јадев кафеав ориз, го јадев додека тој беше во стомакот и додека го доев, и сега тој јаде кафеав ориз. Поради таквата исхрана, тој денес е мирно момче и нема испади на бес. Не морам да му викам. Нема потреба, само треба да кажам „Не, благодарам“ и тој прифаќа таков одговор – рекла Алиша неодамна.
Алиша го добила синот во брак со рокерот Кристофер Јарецки, кој траеше 13 години. Разводот го најавија пред две години.
FOTO: Instagram