ЈАКОВ И АЈА СЕ ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО 2025 ГОДИНА Добија златници од сопругата на премиерот и од заменик-министерот Велковски

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година, по сè изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца - првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

671

Јаков е првороденчето на Клиникатта за гинекологија во Скопје, а неколку секунди по него се роди и девојчето Аја во болицата во Чаир

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков – првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.






– Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3.190 грама и должина од 50 сантиметри. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна. Им посакувам на Сања и на Јаков да имаат среќни и успешни мигови. Воедно и на сите граѓани на Република Македонија – рече директорката на Клиниката Ирена Алексиоска Папестиев. честитајќи ги Новата година и Божините празници.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година, по сè изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

– Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убави, перфектно задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија – рече Таравари поскаувајќи среќни празници на сите граѓани.

На новинарско прашање дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во Новата година, министерот Тараравари отфрли таква можност.

– Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клинии во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имамме што повеќе новородени деца во секоја минута – вели Таравари.

Тој најави дека по посетата на ГАК ќе заминуваат во посета и на девојченцето во Чаир.

Директорката Алексиоска Папестиев изјави дека во новата година веќе се родени 5 бебиња, а дежурната екипа имала доста напорно дежурство, кое почнува од 13 часот. Минатиот ден имале 8 породувања.

– Лани завршивме со 3.873 новородни. Секоја година сè помал е овој број, а за жал, во целата држава сè помалку деца се раѓаат. Но, се надевам дека овој тренд ќе се промени, и дека веќе наредната година ќе се пофалиме да ја надминеме повторно четворката – рече директорката.

Таа најави дека клиниката ќе се реновира.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, рече дека традиционално тие доделуваат златник на првородентото дете.

Златник ќе добие и новороденчето во Клиниката во Чаир, Аја Етем.

На двете бебиња им подари златници и сопругата на премиерот Мицкоски.

Директорката на Гинеколошко-акушерската болница „Чаир“, Пранвера Изаири информираше дека Аја е второ дете на нејзините родители, родена со тежина од 3.110 грама со должина од 50 сантиметри, само една минута по полноќ, со царски рез. Мајката и Аја се во добра здравствена состојба.

Поврзани содржини
na