АКО ЗАПАДОТ САКА РЕШЕНИЕ, МОСКВА Е СПРЕМНА Лавров ја коментира ситуацијата во Украина
Тоа е нивно право, ако сакаат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле, рече Лавров и нагласи дека Москвa е подготвена за решение. Toj исто така нагласи дека Швајцарија не е погодно место за преговори и дека на конференцијата за Украина која летово таму ќе се одржи ќе биде усвоен ултиматум за Русија.
Доколку западните земји сакаат да го решат украинскиот конфликт на бојното поле, Москва е подготвена на тоа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пишува Ројтерс.
– Тоа е нивно право, ако сакаат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле – рече Лавров.
Зборувајќи за конференцијата за Украина, која летово ќе се одржи во Швајцарија и на која Русија не е поканета, Лавров посочи дека сè се сведува на формулирање ултиматум до Русија.
Според него, конференцијата е фокусирана на „формулата на Володинир Зеленски“ и во исто време ги игнорира другите иницијативи, вклучително и кинеската, која, како што рече Лавров, е „најсеопфатна“.
– Швајцарија, без разлика што е на дневен ред, повеќе не е погодна како место за одржување мировни преговори. Претходно, Швајцарија беше навистина неутрална земја. Сега таа јасно застана на страната на Украина – рече Лавров.