АКО ЗАГУБИМЕ СЛЕДУВА НУКЛЕАРНА ВОЈНА Медведев повторно шокира со неговите заканувачки изјави

Никој од овие кутри луѓе не помислува да го извлече следниов елементарен заклучок од оваа ситуација: поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика избувнување нуклеарна војна, напиша Медведев на Телеграм.

1,196

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев се закани со нуклеарна војна доколку Русија биде поразена во Украина, пренесува Ројтерс.

Во нова објава на платформата Телеграм, Медведев се осврна на средбата на највисоките воени претставници што ќе се одржи утре во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.






Тој рече дека средбата ќе се одржи откако лидерите на Светскиот економски форум во Давос вчера ја повториле мантрата дека „Русија мора да загуби за да се постигне мир“.

„Никој од овие кутри луѓе не помислува да го извлече следниов елементарен заклучок од оваа ситуација: поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика избувнување нуклеарна војна“, напиша Медведев на Телеграм.

„Нуклеарните сили немаат загубено големи конфликти од кои зависи нивната судбина. Но тоа треба да им биде јасно на сите. Дури и на западниот политичар што задржал барем некаква трага од интелигенција“, додава тој во написот.

Поврзани содржини
na