АКО ТРАМП ДОНЕСЕ МИР, РУСИЈА ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ИГРА Орбан верува дека Москва пак ќе биде клучен играч во глобалната економија

Ако претседателот на САД дојде и воспостави мир, ако се постигне договор, мислам дека Русија ќе биде реинтегрирана во светската економија... во европскиот безбедносен систем, па дури и во економскиот и во енергетскиот систем, што ќе ѝ даде голем поттик на унгарската економија, појасни премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

353

Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија и во европскиот енергетски систем откако ќе биде постигнат мировен договор за ставање крај на војната во Европа, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.






– Ако претседателот на САД дојде и воспостави мир, ако се постигне договор, мислам дека Русија ќе биде реинтегрирана во светската економија… во европскиот безбедносен систем, па дури и во економскиот и во енергетскиот систем, што ќе ѝ даде голем поттик на унгарската економија – рече Орбан во интервју за Унгарското државно радио.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека и претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изразиле желба за мир и дека им наредил на американските официјални претставници да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина.

ТИЕ ПРЕГОВАРААТ, А ВИЕ ПОДДРЖУВАТЕ УБИСТВА Орбан ја исмеа изјавата на шефицата на европската дипломатија

Поврзани содржини