„АКО ТРАМП БЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, НЕ ЌЕ ИМАШЕ ВОЈНА ВО УКРАИНА“ Путин открива што му рекол на Бајден во еден телефонски разговор

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се присети на еден од своите последни телефонски разговори со поранешниот американски претседател Џо Бајден, во чие време започна „специјалната воена операција“ во Украина.

723

Претседателот на САД, Доналд Трамп, има право кога вели дека немало да има конфликт во Украина доколку тој бил претседател пред почетокот на конфликтот, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, објави Интерфакс.

– Тој повеќепати кажа дека немаше да има војна ако тој бил претседател. Верувам дека и за тоа има право – рече Путин на средба со раководителите на меѓународни новински агенции.






Путин се присети на еден од своите последни телефонски разговори со поранешниот американски претседател Џо Бајден, во чие време започна „специјалната воена операција“ во Украина, и рече дека му кажал „дека не треба да се дозволи работите да дојдат до вооружени конфликти“.

– Сѐ треба да се решава мирно и сегашната украинска администрација треба да биде принудена да ги исполни барањата на своите граѓани од југоистокот, да го запре геноцидот врз руското говорно население и да престане со кршењето на човековите права таму – за што претходната американска администрација постојано зборуваше – изјави Путин, цитирајќи дел од разговорот со Бајден.

Му реков, патем, мислиш дека сега сето тоа лесно ќе се реши – додаде Путин – но може да помине време и да се покаже дека подобро ќе беше да не го тераш тоа во правецот во кој го туркаш.

– Навистина, можеби, ако Трамп беше претседател, можеби овој конфликт немаше да се случи. Тоа е сосема возможно – заклучи тој.

Поврзани содржини