АКО ТОЧИТЕ БЕНЗИН ВО ХРВАТСКА ПРОВЕРЕТЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНСКИТЕ Од денеска цената на горивата се формира на слободен пазар

Од владата изјавија дека одлуката е донесена по темелна анализа и следење на глобалните пазари.

1,153

Цените на горивата во Хрватска од денеска се формираат на слободен пазар. Хрватската влада вчера ја укина Уредбата за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.

Од владата изјавија дека одлуката е донесена по темелна анализа и следење на глобалните пазари.






– Со оглед на тоа што пазарот се стабилизираше, донесовме одлука дека повеќе нема да ги регулираме цените на горивата. На дистрибутерите и трговците е да одлучуваат за цените, но ги повикувам да бидат одговорни и да се борат за клиентите преку пазарни механизми и меѓусебна конкурентност – изјави министерот за економија Анте Шушњар.

Во последните три години, Владата ги одредуваше максималните малопродажни цени на нафтените деривати на секои две недели.

Од денеска секој трговец со горива самиот ја утврдува цената.

Поврзани содржини