АКО ТИМОТ ЗАГУБИ, ТРЕБА ЛИ СИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ? Ковачевски со фудбалски жаргон му одговори на Бектеши

Јас сум во СДСМ од 1994 и од тогаш СДСМ победувал на избори и имал помалку успешни резултати, порача Ковачевски.

1,302

„Јас сум во СДСМ од 1994, и од тогаш СДСМ победувал на избори и имал помалку успешни резултати. Ако фудбалски тим изгуби натпревар, треба ли тогаш сите тие фудбалери и тренери никогаш веќе да не се занимаваат со фудбал? Политичарите се занимаваат со политика, тие нудат решенија, граѓаните проценуваат што е во нивни интерес, поддржуваат една или друга политичка партија, често пати и независни кандидати“.

Вака одговори лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на предлогот на министерот Крешник Бектеши од ДУИ губитниците од претстојните избори да се повлечат од политиката. Предлогот на Бектеши го прифатија ВМРО-ДПМНЕ и од албанската опозициска коалиција ВРЕДИ која повика да се потпишат вакви изјави на нотар.






Ковачевски денеска беше во увид во изградбата на локални улици во населбата Хиподром 2 во скопската општина Гази Баба. Тој најави и дека кандидатите за пратеници на СДСМ ќе бидат познати веднаш по Конгресот што треба да се одржи кон крајот на месецов.

– Носители ќе бидат искусни партиски кадри и членови, коишто и во минатото извршувале високи позиции во партијата и во државата. Сметам дека тоа ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици, но не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките на Централниот и Извршниот одбор – изјави Ковачевски.

Поврзани содржини