АКО СВИРНЕШ МОЖЕ ЌОТЕК ДА ДОБИЕШ Две тепачки за неколку часа на скопските улици
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Во текот на вчерашниот ден се случиле две тепачки меѓу возачи на скопските улици.
Најпрво во 11.15 часот во СВР Скопје, Б.Д.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Потоа во 15.00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(36) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.М.(40) од Скопје.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.