Ако сте прележале ковид-19 и ги исполнувате овие услови, вие сте донор на крвна плазма!

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

419

Вкупно 1732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19 обезбедил Институтот за трансфузиона медицина.

Од нив 157 единици се собрани преку аферезна процедура, а останатите преку стандардно дарување. Со крвна плазма досега се третирани 1431 пациент.






– Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19 – наведуваат од Институтот за трансфузиона медицина.

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители може да се јават за детални информации и закажување во Институтот, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со ковид-19.

Поврзани содржини