АКО СТЕ НЕРВОЗНИ, ДУВАЈТЕ СИ ВО ПАЛЕЦОТ Еве како да се смирите ако сте под стрес
Дали сте нервозни и срцето ви чука брзо? Обидете се со едноставен трик за кој не ви треба никакво помагало. Ставете го палецот во уста, како бебе, притиснете го на усните, создадете вакуум и потоа дувнете пуштајќи воздух низ устата.
Колку и да звучи бизарно, експертите велат дека дувањето во палецот може да ни помогне доколку сме под стрес. Така се стимулира талкачкиот или пневмогастричниот нерв (нервус вагус) и го забавува срцето.
Сепак, не е сеедно како ќе дувате во палецот. За најдобри резултати, ставете ставете го палецот во уста, како бебе, притиснете го на усните, создадете вакуум и потоа дувнете пуштајќи воздух низ устата.
Експертите наведуваат дека е доволно да го направите ова два или три пати за да почне да ви чука срцето побавно. Со тоа ќе ја намалите нервозата.
„Оваа идеја има свои корени во фактот дека палецот има свој пулс. Ако можете да го смирите тој пулс, ефикасно го смирувате и вашето срце. Со дување ќе го изладите палецот и на тој начин ќе го смирите пулсот, бидејќи студот го забавува пулсот. Овој метод може да помогне и бидејќи самиот чин на дување ве принудува да го продлабочите дишењето, што го смирува вашето срце. Кислородот е природен противотров на адреналинот кој го забрзува чукањето на срцето. Надувајте ги белите дробови енергично за да обезбедите максимален внес на кислород за смирување. Вдишете седум секунди, држете три секунди и издишете седум секунди“, советува д-р Арун Гош од болницата Spire во Ливерпул (Англија).