АКО СЕ ВОЗИТЕ СО 22-КА НА ЈСП СНАОЃАЈТЕ СЕ! Автобусите повлечени поради дефекти, ги нема ни за лек
Истовремено, приватните превозници веќе подолго време протестираат и не возат на оваа линија, а некои од нив се вклучуваат по своја сопствена волја, но после 17 часот.
Во моментов нема ниту еден автобус во движење на линијата 22 на ЈСП во Скопје. . Неколкуте автобуси од овој број се повлечени поради дефект иод типот немање клима, прегреани мотори и слично, потврдија извори за Плусинфо.
Истовремено, приватните превозници веќе подолго време протестираат и не возат на оваа линија, а некои од нив се вклучуваат по своја сопствена волја, но после 17 часот.
Се претпоставува дека превозот со 22-ка ќе биде критичен барем неколку часа додека други не бидат пуштени други автобуси за да ја покријат оваа линија.
Линијата 22 е битна за голем број скопјани бидејќи покрива широка релација низ градот, од Транспортниот центар па до населбите Геге и Волково.