АКО СЕ ПРЕМИНЕ ГРАНИЦАТА, ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИМЕ Медведев дециден оти Путин не блефира за нуклеарното оружје
Во однапред одредени случаи - ако ние или нашите сојузници бидат нападнати со ваков тип оружје или ако агресијата со конвенционално оружје го загрозува опстанок на нашата држава, пишува некогашниот руски претседател.
„Ако заканата за Русија ја премине утврдената граница на опасност, ќе мораме да одговориме. Без ничија дозвола, без долги консултации. И тоа дефинитивно не е блеф“.
Вака на Телеграм напиша заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. Тој во текстот нагласи дека „Русија има целосно право да користи нуклеарно оружје“, јавува РТ.
„Морам повторно да потсетам, за оние глуви луѓе кои само се слушаат себеси. Русија има право да користи нуклеарно оружје доколку е потребно. Во однапред одредени случаи – ако ние или нашите сојузници бидат нападнати со ваков тип оружје или ако агресијата со конвенционално оружје го загрозува опстанок на нашата држава“, пишува некогашниот руски претседател.
„Русија ќе стори сé за да спречи појава на нуклеарно оружје кај нејзините непријателски соседи, на пример, во Украина“, продолжува Медведев, а потоа ги споредува западната демократија и слобода со дијареа:
„Нашите непријатели сакаат да даваат големи изјави. Тие фрлаат поими како слобода, демократија, мисија. Всушност, ова е само ритуална вербална дијареа. Фонтаните на дијареичната демагогија со злобната пискава реторика долго време се испробаното оружје на Англосаксонскиот свет со кој го опсипуваат остатокот од човештвото во обид да ја одбранат својата ексклузивност и правото да владеат со светот“, подвлекува тој.