АКО СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ИСТОРИЈАТА И ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО, ТОГАШ СМЕ ПРОТИВ Коалиционите партнери бараат предлогот да оди во Собрание

Од партијата ДОМ, му посочиле на премиерот дека за нив е неприфатливо внесување на билатералните прашања во процесот на преговорите. Тие барале од Ковачевски да го видат Протоколот преведен на македонски јазик и тој да биде дебатиран и гласан во Собранието. Ковачевски, од своја страна, синоќа ги убедувал дека македонскиот јазик нема да има никаква фуснота во Европа.

783

Малите партии во Владата, ЛДП, ДОМ и ДС засега се со негативен став за францускиот предлог. Во долгиот телефонски разговор кој синоќа траел до полноќ тие од Ковачевски побарале да го видат протоколот преведен на македонски јазик. Од ДОМ добиле уверување дека преводот ќе им биде испратен најдоцна до утре.

– Договорот мора да оди во Собрание – вели Маја Морачанин од ДОМ за Мкд.






– Доколку билатералните прашања кои реферираат на историјата и образованието се дел од преговарачкиот процес, како што личи од дефинитивниот протокол кој не сме го виделе, тогаш францускиот предлог за ДОМ е неприфатлив – додава таа.

Од партијата ДОМ, исто така, му посочиле на премиерот дека за нив е неприфатливо внесување на билатералните прашања во процесот на преговорите. Ковачевски, од своја страна, пробал да ги увери дека нема да има фуснота или ѕвездичка за македонскиот јазик и дека идентитетот е загарантитран. Од партијата на Маја Морачанин велат дека нивната поддршка сепак ќе зависи од содржианта на протоколот. Можно е тие да побараат свои услови и измени во документот. Во спротивно ќе го одбијат и нема да бидат дел од владината коалиција.

Поврзани содржини