АКО САКА, УКРАИНА МОЖЕ ВЕДНАШ ДА ГО ПРЕКИНЕ СТРАДАЊЕТО Песков вели дека само треба да се следат руските барања

На новинарско прашање дали Русија е загрижена за последиците од нападите врз цивилното население или енергетската инфраструктура, Песков одговори дека Русија цели само на мети од воено значење, а не и на цивили.

444

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинското раководство може „да стави крај на страдањата“ во Украина доколку ги прифати барањата на Русија за решавање на конфликтот, пишува Ројтерс.

На новинарско прашање дали Русија е загрижена за последиците од нападите врз цивилното население или енергетската инфраструктура, Песков одговори дека Русија цели само на мети од воено значење, а не и на цивили.






Руската армија негираше дека вчера го нападнала Киев, тврдејќи дека штетата на главниот град на Украина е предизвикана од „украински и странски“ противвоздушни ракети.

– Немаше ракетен напад врз Киев. Целата штета нанесена на градот е резултат на падот на странски и украински ракети за противвоздушна одбрана кои беа поставени во станбени области на Киев – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Поврзани содржини