АКО САКА 137.000 ВОЈНИЦИ, ПУТИН ЌЕ МОРА ДА ОБЈАВИ ВОЈНА Британското Министерство е скептично дека ќе се зголеми бројот на регрути

Западните аналитичари тврдат дека регрутирањето досега главно било концентрирано во посиромашните региони на Русија, каде често живеат несловенски малцинства, сѐ со цел да се избегне ширење на незадоволство во главните политички и економски центри на Русија на моќ. Од неодамна, почнале да регрутираат и од градовите во централна Русија, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург.

1,316

Британското Министерство за одбрана вели дека Русија нема да може да регрутира уште 137.000 војници доколку не ѝ објави целосна војна на Украина, наместо сегашната „специјална воена операција“, пишува Б92. Но, кој вели дека Путин не се спрема да го направи токму тоа? Во извештајот на Министерството се наведува дека Русија веќе „изгубила десетици илјади војници“ и дека наредбите на Путин ќе бидат извршени само доколку се обзнани отворена војна.

Со други зборови, руските регрути немаат обврска да служат војска надвор од руската територија сѐ додека Москва инсистира дека военото присуство во Украина е специјална операција, а не војна.






Мала е веројатноста да се регрутираат нови војници?

Неодамна Владимир Путин ѝ нареди на руската армија да регрутира дополнителни 137.000 војници, кои би ги замениле 75.000 загинати од почетокот на војната во Украина. Со тоа руската армија би се зголемила на 1,15 милиони војници.

„Малку е веројатно дека наредбата на Путин ќе донесе некаков напредок кон зголемување на борбената моќ на Русија во Украина“, тврди британското Министерство за одбрана.

фото: твитер/принтскрин

5.000 евра однапред за регистрација

Руската воена команда нуди големи бонуси за регистрација од речиси 5.000 евра. Западните аналитичари тврдат дека ова регрутирање главно било концентрирано во посиромашните региони на Русија, каде често живеат несловенски малцинства, сѐ со цел да се избегне ширење на незадоволство во главните политички и економски центри на Русија на моќ.

Повикувајќи се на руски разузнавачки извори, Американскиот институт за воени студии тврди дека Русите почнале да регрутираат и од градовите во централна Русија, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург.

– Како што товарот на делумната мобилизација се префрла во економски понапредните, погусто населените и подобро образованите руски региони, се очекува да се зголеми отпорот кон регрутирањето и можеби воени протести – тврди американскиот институт.

Голем, несразмерно висок процент на руски војници убиени во Украина доаѓаат токму од периферијата на државата, на пример, од Тува, Бурјатија или од Дагестан.

Џабе опремата без добра обука

Кремљ се обидуваше да регрутира воени доброволци во последните три месеци, но експертите велат дека квалитетот на овие регрути многу варира. Американскиот институт за воени студии очекува Путин наскоро да испрати еден од регрутираните баталјони во Донбас или во јужниот регион Херсон, но како и дали се добро обучени овие војници не е познато.

„Подобрата опрема не мора да значи поефективна сила кога персоналот не е доволно добро обучен или дисциплиниран – што е случај со многу од членовите на волонтерските единици“, се вели во извештајот.

Поврзани содржини