АКО РАДИЈАЦИЈАТА НЕ ТЕ УБИЕ, ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛЕН Црви во Чернобил му пркосат на зрачењето и се важни за пронаоѓање лек против ракот

Истражувачите собрале стотици црви нематоди изложени на различни нивоа на радијација. Потоа ги транспортирале, замрзнале и ги проучувале. Изненадувачки не можеле да откријат никакво оштетување на геномите на црвите од радијацијата, што посочува дека откривањето на механизмите за поправка на нивната ДНК може да ѝ помогне на човечката медицина.

5,282

Зошто е клучна најголемата несреќа во историјата на атомските централи за пронаоѓање лек против ракот?

Научно истражување, предводено од Софија Тинтори од Универзитетот во Њујорк, откри дека одреден тип црви околу поранешната нуклеарна централа Чернобил ѝ пркосат на радијацијата и можеби нудат увид во потенцијалните механизми за поправка на ДНК и за разбирање на индивидуалната подложност на рак.






По катастрофата во украинската нуклеарна централа во Чернобил во 1986 година, соседниот град Припјат и целата околина биле затворени поради опасното ниво на радијација. Иако регионот останува небезбеден за луѓето во наредните илјадници години, тој стана живеалиште на животни.

Тинтори ги проучувала генетскиот материјал и брзата репродукција на ситните црви нематоди. Спротивно на претпоставките, овие издржливи црви вешто се приспособуваат на услови непријатни за повеќето други видови.

Истражувачите собрале стотици нематоди од видот Оscheius tipulae изложени на различни нивоа на радијација. Потоа ги транспортирале, замрзнале и ги проучувале. Изненадувачки, не можеле да откријат никакво оштетување на геномите на црвите од радијацијата, што посочува дека откривањето на механизмите за поправка на нивната ДНК може да ѝ помогне на човечката медицина.

– Сега знаеме кои соеви на Oschieus tipulae се почувствителни или потолерантни на оштетување на ДНК, па можеме да ги искористиме за да проучиме зошто одредени поединци се поподложни на ефектите на канцерогените од други – објаснува авторката.

Коавторот на студијата Метју Рокман вели дека овие црви живеат насекаде и бргу се размножуваат, па тоа доведува до побрза еволуција, адаптација на условите и до поголема отпорност.

И покрај познатите генетски варијации кај животните во регионот, целосното влијание на радијацијата врз локалните екосистеми останува надвор од дофатот на научниците.

 

 

Поврзани содржини