АКО РАБОТИТЕ ОД ДАЛЕЧИНА ИЛИ СТЕ ДИГИТАЛЕН НОМАД, ЕВЕ ШАНСА ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ШПАНИЈА Екстремадура дава 15.000 евра за секој доселеник

Условите за заинтересираните се да не живеат во Екстремадура во последните шест месеци, да имаат легален престој во Шпанија и странски матичен број, како и да работат од далечина во технолошката индустрија.

179

Локалната власт на шпанската провинција Екстремадура објави дека нуди до 15.000 евра на странците кои се  заинтересирани да се преселат во областа на период од најмалку 2 години.

Оваа автономна покраина, која е најмалку населена во Шпанија, издвои 2 милиони евра за да поттикне 200 дигитални номади и работници од далечина да се преселат во регионот.






Владата на Екстремадура наведува дека оваа финансиска поддршка е наменета „за домување, обработливо земјиште и се друго што е потребно за да се забрза нивното пристигнување“.

Жените и мажите помлади од 30 години можат да добијат 10.000 евра, додека мажите над 30 години можат да добијат 8.000 евра. По две години жените и мажите помлади од 30 години ќе добијат дополнителни 5.000 евра доколку останат во регионот уште една година. Мажите над 30 години по две години ќе добијат дополнителни 4.000 евра, исто така со услов да останат уште една година.

Шпанските власти соопштија дека апликациите се очекува да бидат отворени во септември и може да се поднесат онлајн кога ќе бидат достапни.

Условите за заинтересираните се да не живеат во Екстремадура во последните шест месеци, да имаат легален престој во Шпанија и странски матичен број, како и да работат од далечина во технолошката индустрија.

Акција  е дел од програмата за повторно населување наречена „Живеење во Амброс“ (се однесува на долината Амброс во провинцијата Касерес, која се наоѓа во областа Екстремадура).

Во соопштението се наведува дека долината е „еден од регионите кои страдаат од трајно губење на население и услуги“.

Екстремадура e автономна заедница во Шпанија. Се наоѓа во југозападниот дел на земјата и се состои од две покраини: Касерес на север и Бадахос на југ. Главен град е Мерида. Зафаќа површина од 41.634 км2 и има 1,1 милиони жители. Не излегува на море.

Поврзани содржини