АКО ПУТИН НЕ ДОЈДЕ ВО ТУРЦИЈА, ТОА ЌЕ БИДЕ НЕГОВ ЛИЧЕН ПОРАЗ Украина и Русија нема повеќе да си веруваат ако војната продолжи, стравува Зеленски

Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не 10 години. Украина нема да издржи, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

154

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека без директна средба со Владимир Путин во Турција, иницијативата за нова рунда мировни преговори ќе биде бесмислена и ќе се доживее како целосен пораз на рускиот претседател, објави РБЦ Украина.

Од Кремљ, пак, потврдуваат дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај и очекуваат присуство и од украинска страна.






– Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не 10 години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз – изјави Зеленски, нагласувајќи ја важноста на личното присуство на рускиот лидер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно соопшти дека руската делегација ќе пристигне во Истанбул на 15 мај и изрази надеж дека и украинската страна ќе учествува во преговорите.

ПУТИН НЕМА ЛИЧНО ДА ПРЕГОВАРА СО ЗЕЛЕНСКИ? Лавров и Ушаков ќе ја претставуваат Русија на преговорите во Турција

Поврзани содржини