АКО ПОСТОЈАТ НЕЈАСНОТИИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ Ковачевски предлага нов брифинг со новинарите

Доколку имате потреба за дополнителни прашања ќе биде свикан уште еден брифинг со цел да бидат разјаснети сите прашања - изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по посетата на РЕК Битола.

319

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за да бидат разјаснети сите прашања за Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д би можело да биде свикан уште еден брифинг со новинарите.

– Веќе имаше брифинг за новинарите со членовите на Управувачкиот комитет, исто така и на министерот за транспорт и врски и на директорот за јавни патишта заедно со консултантите коишто работеа. Се надевам дека таму беа одговорени сите овие прашања. Доколку имате потреба за дополнителни прашања ќе биде свикан уште еден брифинг со цел да бидат разјаснети сите прашања – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по посетата на РЕК Битола.

Поврзани содржини