АКО НЕМААТ ЛЕБ, НЕКА ЈАДАТ КРОАСАНИ Дали знаевте дека „француските“ печива се всушност австриски?

Познатата фраза „ако народот нема леб, нека јаде колачи“ често ѝ се препишува на Марија Антоанета, ќерката на австриската царица Марија Тереза која се омажила за францускиот крал Луј XVI и го донела рецептот за кроасаните во Франција. Заради неговиот облик на полумесечина Французите го преименувале во Croissant de lune.

3,194

Иако кроасанот е печиво кое се прави од тесто слично на лиснатото тесто што потекнува од Австрија, најчесто се поврзува со Франција. Всушност печивото настанало во Австрија во 1863 година, за време на турската опсада на Виена.

Во Франција го донела принцезата Марија Антоанета, ќерка на австриската царица Марија Тереза, која се омажила за францускиот престолонаследник Луј Бурбонски, подоцна Луј XVI.






Овој брак бил договорен за да се зацврсти сојузништвото на двете сили кои пред тоа биле во спор речиси 150 години.

Марија Антоанета отпатувала во Франција со 14 кочии и придружба. Од неа било побарано во симболичен гест на откажување од австриската националност, на граница да ја остави целата своја облека, се што поседува, слугите и пријателите. Дозволено ѝ било да го задржи само своето куче.

Марија Антоанета во историјата е прикажувана како површна хедонистка и расипничка, а во современата историографија ова мислење е значително ревидирано. Последниве години акцент се става на нејзината храброст и приврзаноста кон семејството, додека во поп-културата и модата Марија Антоанета останува икона на стилот и постојана инспирација на дизајнерите и уметниците.

Најпозната е по реченицата: „Ако немаат леб, нека јадат колачи“, за која и не се знае со сигурност дали таа навистина и ја кажала.

Што се однесува до кроасаните, познавачите велат дека само името им е француско.

Имено, ова австриско печиво заради неговиот облик на полумесечина, Французите го преименувале во Croissant de lune.

На почетокот, кроасаните биле печива првенствено наменети за богатите и луксузен производ што не може секој да си ги дозволи. Но, во текот на 19 век, кроасанот станал толку широко распространет што до крајот на векот станал омилено печиво на средната класа. Во тоа време богатите претпочитале сладок бриош.

Рецептот за кроасаните побарајте го на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини