📷 „АКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД ПУШЕЊЕТО, НАПРАВЕТЕ ПРОМЕНА“ Алтернативите сѐ повеќе ги истиснуваат цигарите
Мотото на „Philip Morris International“ (PMI) е: „Ако не пушите, не почнувајте. Ако пушите, престанете. Меѓутоа, ако не престанете, заменете го со подобра алтернатива“. Компанијата ги предупредува граѓаните дека производите без чад не се без ризик и се наменети само за возрасни пушачи.
Мотото на „Philip Morris International“ (PMI) е: „Ако не пушите, не почнувајте. Ако пушите, престанете. Меѓутоа, ако не престанувате, заменете со подобра алтернатива“. Компанијата ги предупредува граѓаните дека производите без чад не се без ризик и се наменети само за возрасни пушачи.
Алтернативите, како што се производите кои не го согоруваат тутунот, стануваат сè поприфатена опција за пушачите кои не се откажуваат од цигарите.
Овие уреди ослободуваат значително помалку штетни материи и имаат потенцијал да го намалат ризикот. Експертите повикуваат јавноста правилно да се информира за овие производи, но истовремено одговорно да се комерцијализираат, со цел да се избегнат оние категории за кои не се наменети овие производи.
Пред неколку недели во малиот швајцарски град Нојшател, „Philip Morris International“ (PMI) го одржа настанот „Technovation“. Гигантот за производство на тутун пред присутните ги презентираше резултатите од работењето.
Во зградата наречена „коцка“ („Cube“) во комплексот во Нојшател, директорите на компанијата излегоа на сцената за да ги претстават најновите научни достигнувања кај портфолиото производи без чад. Тие говореа и за проблемите со регулативата на овие алтернативни производи во повеќето земји. Како што посочија, овие алтернативи во земјите каде постои забрана за нивна продажба, завршуваат на црниот пазар, а до нив имаат пристап и лица кои законски не смеат да употребуваат производи кои содржат никотин.
Олчак: Нашата компанија се залага за иднина без чад
Извршниот директор на „Philip Morris International“ (PMI) Јацек Олчак, активно се залага за замена на цигарите со помалку штетни алтернативи, како што се уредите за загревање на тутунот и електронските цигари. Олчак ја нагласува целта на компанијата за создавање иднина без чад со тоа што ќе ги поттикнува пушачите кои не се откажуваат од цигарите да преминат на овие помалку штетни производи. Тој смета дека овие алтернативи потенцијално можат да ја намалат штетата од пушењето и со тоа да овозможат значајни општествени придобивки доколку масовно се усвојат.
Еден ден, „луѓето ќе треба да се потсетат дека ова е компанијата што некогаш продавала цигари“, ветува главниот извршен директор.
– Луѓето мора да ги знаат ризиците од цигарите, треба да се обидат да престанат, но ако не го направат тоа, треба да се обидат да направат промена. И ако не ја направат таа промена, ќе продолжат да пушат. Не постои земја во светот која ги забранува цигарите, но има земји кои забрануваат алтернативи, а постои и цела наука која ги докажува ризиците и штетите од пушењето. Значи, дали овде станува збор за науката или пак за нешто друго. Не можеме да ги игнорираме 10-те години студии што ги имаме досега. Тие постојат. И додека оваа наука е игнорирана, повеќе луѓе пушат цигари. А кој ќе ја преземе одговорноста за уште 10 години од оваа наука што не се зема предвид и за сите луѓе кои ќе продолжат да пушат? – вели Олчак.
Сепак, тој зборуваше и за предизвиците што ги наметнуваат регулаторните органи. Тој смета дека многу влади и здравствени организации не преземаат доволно активности за едукација во врска со овие алтернативи. Наместо тоа, често гледаат со скептицизам или избегнуваат да се вклучат во дискусијата, што ја продолжува употребата на цигарите. Олчак истакна дека моменталната регулаторна ситуација го одложува напредокот, бидејќи строгите политики понекогаш не го препознаваат потенцијалот на производите без чад кои, како што вели, можат да ја намалат смртноста поврзана со пушењето.
Брзањето да се регулираат и да се прифатат алтернативите е оправдано затоа што тоа го скратува времето во кое луѓето се изложени на цигарите.
– Додека поминува времето во разговори за употребата на овие производи без чад, луѓето продолжуваат да пушат. – истакна директорот на Филип Морис.
Олчак сака сите 1,3 милијарди пушачи на глобално ниво да се откажат од цигарите. Еден ден, „луѓето ќе треба да се потсетат дека ова е компанијата што некогаш продавала цигари“, ветува главниот извршен директор.
Сепак, тој призна дека многу земји се скептични за алтернативните производи поради недоволните информации.
– Некои активисти тврдат дека овие производи се штетни како цигарите, но докажавме дека тоа не е вистина и луѓето треба да донесуваат информирани одлуки. Нема научни студии кои покажуваат дека овие производи се исти како цигарите – додаде првиот човек на PMI.
„IQOS“ го надмина „Марлборо“
Приходите на уредот за загревање на тутун „IQOS“ за првпат го надминаа брендот „Marlboro“, а глобалната продажба на производите на „IQOS“ надмина 10 милијарди американски долари во 2023 година.
Според податоците, алтернативите за цигари на PMI сега се на повеќе од 90 пазари низ светот, со кумулативна инвестиција од 14 милијарди американски долари и 1.500 луѓе кои учествуваат во тимот за иновации.
Извршниот директор на компанијата Јацек Олчак на конференција за медиуми во Нојшател рече:
– Бројките што ги постигнавме се феноменални и иако признаваме дека пазарот се движи побрзо од очекуваното, има уште долг пат да се оди.
Тој нагласи дека на „IQOS“ му биле потребни 10 години за да постигне продажба од 10 милијарди американски долари, додека на „Meta“ ѝ биле потребни 9 години, на „Amazon“ 12 години, а на „Tesla“ 14 години.
Компанијата смета дека во светот има 1,1 милијарда пушачи и сегашните мерки не се ефективни. „IQOS“ првично беше лансиран во Милано, Италија и во Нагоја, Јапонија, а сега го користат 30,8 милиони луѓе.
– Во некои земји, како што е Јапонија, алтернативите ги надминаа цигарите во поглед на продажба – рече Олчак.
Тој понатаму нагласи дека компанијата ќе продолжи да инвестира во иновации за да ја забрза трансформацијата и да го следи планот за постигнување на целта од 66% од приходите од алтернативи до 2030 година.