АКО НЕ ЈА САКАТЕ КАКО ТИКВА, ЌЕ ЈА САКАТЕ КАКО ЛЕБ Толку е здрава, што мора да ја вклучите во исхраната во кој било облик
Покрај сите здравствени придобивки на тиквата, едноставно е неприфатливо таа да не се најде барем понекогаш на вашето мени, без оглед на тоа колку голем отпор имате кон оваа есенска кралица. Ако ништо друго, направете си леб со тиква
Тиквата е толку здрава и нискокалорична што е навистина штета ако не ја сакате. Да, верувајте, има и такви што не сакаат тиква. Ако можеме да ги предомислиме, тогаш ќе потсетиме дека тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата В. По содржината на каротин побогата е дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбени влакна, а има многу малку калории, па е одличен избор кога сакате да ослабнете, а да си го зачувате здравјето.
Благодарение на високата содржина на калиум, тиквата ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и е идеална храна за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести. Исто така, ако имате болен црн дроб, тогаш треба да се консумира многу тиква и тоа сирова. Ако сирова не ви е вкусна, тогаш комбинирајте ја со мед, ориз, просо или гриз. Ако не ја сакате никаква, „спакувајте ја“ во леб.
Повеќе за ова и рецептот за лебот побарајте ги на порталот „Арт кујна“.