АКО МОН НЕ ЈА ИЗГРАДИ, ЌЕ ЈА ИЗГРАДИ ОПШТИНАТА Зошто нема пари за гимназијата „Сами Фрашери“?

На сите барања и апели за потребата од средства за реконструкција на дотраените училишта, како и за изградба на гимназијата „Сами Фрашери“, Општина Куманово од МОН не добила пари.

287

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, го прозва Министерството за образование и наука (МОН) дека со години не одобрува средства за реконструкција на основните и средните училишта во Куманово. На сите барања и апели за потребата од средства за реконструкција на дотраените училишта, како и за изградба на гимназијата „Сами Фрашери“, Општина Куманово од МОН не добила пари.

Поради големата потреба од оваа гимназија Димитриевски ја ставил во својата програма.






– Ако МОН не сака да ја изгради гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, нема да чекаме на нив, затоа што Македонија му должи на ова школо. Порачавме проект и ќе тргнеме заедно со граѓаните и со странски донатори и ќе ги удриме темелите на тоа училиште, бидејќи сите заслужуваат еднакви права и можности – истакна Димитриевска на конвенцијата пред кумановци.

Гимназијата „Сами Фрашери“ е општинско средно училиште каде учат околу 1.000 ученици, нема своја зграда и со години работи во адаптиран простор во поранешниот ЗИК, каде, исто така условите за учење се несоодветни.

Општината постојано испраќа барања до МОН за да се изгради простор за оваа гимназија, но не добила никаков одговор, како ни за другите основни и средни училишта во градот. Додека, пак, актуелната администрација на Куманово во само две години ги реконструира целосно сите средни училишта, за како што истакна Димитриевски, колку што Министерството потрошило за едно игралиште, тие во Куманово изградиле три.

– Ние ќе работиме со сопствени сили, а Министерството за образование и наука наместо да прави непромислени реформи, министерката Царовска ќе мора да го одврзе ќесето и капиталните инвестиции на Министерството да ги спушти на локално ниво, бидејќи ние зборуваме за децентрализација на власта. Тоа значи фискална децентрализација, затоа што додека тие градат едно игралиште со вредност од 9 милиони денари, ние со истите пари во Куманово изградивме три – додаде Димитриевски.

Поврзани содржини