Ако има потреба, во ученичките и во студентските домови ќе се сместуваат заболени од корона

1,623

Со уредба која Владата ја донесе на денешната седница, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот.

„Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година“, соопшти владината служба за информирање.

Поврзани содржини