АКО ГЕРМАНИЈА Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, ТОГАШ ВРЕМЕ Е И НИЕ ДА ГИ ВКЛУЧИМЕ ЦРВЕНИТЕ СВЕТЛА Бранко Азески на средба со стопанственици од Охрид
Ако Европа е во тешка ситуација, економиите во регионот, па дури и нашиот најголем економски партнер Германија е во тешка ситуација, можеме да заклучиме дека мора да ги за запалиме црвените светла и да бидеме предозстрожни што можеме да очекуваме во наредниот период...Тоа сѐ уште нема негативни ефекти во бројки, но очекувањата се дека тоа ќе следува како не се превенира во таа насока, рече првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.
Концентрирани активности за директна поддршка за компаниите во наредниот период да можат да бидат конкурентни на пазарот и обид за задржување на домашниот кадар како додадена вредност на домашната економија, се двата клучни проекти на Стопанската комора ќе им ги понуди на Владата и сите надлежни институции што учествуваат во градењето на економските политики, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по средбата со стопанственици од Охрид.
Појаснувајќи ги новите мерки на Комората, Азески се осврна на актуелните економско-политички случувања во светски рамки се манифестираат со несигурност на пазарите што, како што рече, се смртна рана за бизнисот особено за малите економии како македонската.
– Ако Европа е во тешка ситуација, економиите во регионот, па дури и нашиот најголем економски партнер Германија е во тешка ситуација, можеме да заклучиме дека мора да ги за запалиме црвените светла и да бидеме предозстрожни што можеме да очекуваме во наредниот период…Тоа сѐ уште нема негативни ефекти во бројки, но очекувањата се дека тоа ќе следува како не се превенира во таа насока – рече тој.
Азески истакна дека со едниот проект ќе се работи на Платформа за враќање и спречување на одливот на мозоци од земјата.
– Тоа е алфа и омега на опстанокот на една економија, доколку се земе предвид оти луѓето се двигателите на економиите, објектите и опремата е ништо без нив…Да се поттикне економската активности во земјата за задржување на младите кадри, и тоа со неколку мерки. Не е доволно само да се зборува, туку да се спроведат сериозни реконструкции во образовниот систем што веќе ги правиме, акција за возобновување на институтите кои треба да се дигнат на повисоко функционално ниво, и секако пари – со кои ќе интервенира државата да се задржат тие луѓе соодветно на она што би можеле да го остварат надвор – изјави Азески.
Стопанската комора тука ќе учествува како партнер, со појаснување дека веќе се работи на изготвување база на податоци за младите амбициозни луѓе, кадри докажани во дијаспората.
– На тоа гледаме како голем поттик да се задржи економската активност и во вакви тешки времиња, за да може да биде подготвена, преку задржување на тие кадри кои имаат евидентен напредок во своето дејствување – рече тој.
За втората најавена активност на Комората односно за интервенирање во делот на поддршка на извозно ориентираните домашните компании, Азески рече дека за оваа година приоритет ќе имаат пет точки и тоа – програма за извозна промоција, мерки за меѓународно афирмирање и градење меѓународни брендови, за исполнување меѓународни стандарди, за изработка на дигитална платформа за извоз и мерка за зајакнување кадровскиоте капацитети на извозно ориентираните компании.
– Поучени од претходните искуства, одиме на концентрирани активности кои ќе значат директна поддршка за компаниите во наредниот период за да можат на тој начин да ги задржат своите позиции и да можат да се борат со конкуренцијата на меѓународните пазари, како и се направи обид да задржи дел од младиот кадар, оној кој може да направи нешто за додадената вредност во националната економија…Сумирано, тоа значи радикално менување во пристапот кон компаниите во овие мигови кога им е потребна секаква поддршка, рече тој.
Азески истакна дека останатите активности на Комората течат според предвидениот план, односно дека како приоритети остануваат справувањето со корупцијата и сивата економија, поттикнување на гасификацијата и со тоа намалување на трошоците на производството, како и прашањето за поддршка и промоција на активностите на регионален план.