АКО Е ЗА АИР, ДОСТА Е! Тито Петковски се повлекува од функцијата претседател на НСДП
Најсериозни кандидати за наследници на Петковски се потпретседателот на партијата Горан Мисовски и организацискиот секретар Кристијан Трајковски.
По цели 17 години на врвот на партијата НСДП, поранешниот собраниски спикер Тито Петковски реши да ја напушти претседателската функција и да им ја препушти партијата на помладите членови.
Ова за „Слободен печат“ го изјавил самиот Петковски, истакнувајќи дека на партијата ѝ е потребна нова енергија.
– Доста е, ако е за аир. На состанокот најавив дека ќе се повлечам од претседател на партијата. Мислам дека на партијата ѝ треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП – изјавил Петковски.
Најсериозни кандидати за наследници на Петковски се потпретседателот на партијата Горан Мисовски и организацискиот секретар Кристијан Трајковски.
Кој од нив двајца ќе ја предводи партијата, ќе се знае на петтиот партиски конгрес закажан за 4 јуни.