АКО ДРЖАВАТА ГИ ИЗГУБИ СУДСКИТЕ СПОРОВИ ПО БЕЛИОТ СВЕТ, ЌЕ ЗИЈАНИ НЕВЕРОЈАТНИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Дамоклов меч виси на влакно над буџетската каса

Овој податок го соопшти пратеничката Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на извештај од Државниот завод за ревизија.

850

Македонија е во опасност да плаќа арбитражи во вкупен износ од 1,3 милијарда евра, предупреди денеска пратеничката и портпаролка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа обвини дека седум години СДСМ и ДУИ го гледале само личниот и партискиот интерес, наместо државниот.






– Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДСМ и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1,3 милијарда евра. Извештајот на Државниот завод за ревизија нотира и се повикува на Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Република Македонија, кое изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупниот износ на средства што потенцијално би требало да се платат се 82.267.500.000 денари или 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има импликации врз Буџетот во наредните години – рече Митева.

Ревизијата, додаде таа, нотира потреба да се утврдат причините поради кои се покренати арбитражните постапки, со цел да се утврди одговорност.

– Иако ревизијата е направена во 2023 година, власта на СДСМ и ДУИ тоа не го направиле, а имале можност за тоа. Истото не е направено затоа што тие се причинител на проблемот. СДСМ и ДУИ со државата се однесувале без основна грижа и домаќинлук. Штетите кои Македонија може да ги има во иднина се огромни. Одговорност мора да има – рече Митева.

Поврзани содржини