АКЦИЈА „ВИОР“ ВО БЕЛГРАД Маж е застрелан во гради и во стомак

413

Во Чукарица во Белград попладнево околу 17 часот дошло до пукање во кое едно лице е рането, соопшти Н1 Белград.

Дваесет и осумгодишен маж е ранет во улицата Милорад Јовановиќ во Чукарица. На улиците има полиција со огнено оружје, а моментално во тек е акција наречена „Виор“.






Како што неофицијално дознава Телеграф, ранетиот И.А. е свесен. Тој е ранет во градниот кош и во стомакот и со тешки повреди е пренесен во болница.

Се уште не е познат мотивот за пукањето.

Поврзани содржини