Акција на истанбулската полиција, уапсени 63 лица од организацијата на Седат Пекер ГАЛЕРИЈА
Во операцијата биле претресени 121 адреса во Истанбул, Анкара, Кочаели, Трабзон и Хатај. Полицијата упаднала и во вилата на Седат Пекер во Бејкоз. Екипите извршиле претрес и на џипот на Пекер.
Во рамки на акцијата на турската полиција против криминалната организација на Седат Пекер приведени се 63 осомничени лица, јавуваат турските медиуми.
Пекер, деновиве е топ вест и во Македонија по објавување на аферата „Мафија“ во која тој е еден од 215 лица кој добил македонски пасош со лажен идентитет.
Оддеот за борба против организиран криминал на истанбулската полиција уапсените ги сомничи дека се дел од бандата на Пекер, која се товари за изнудување поткуп, киднапирања, насилство и други кривични дела.
Во операцијата биле претресени 121 адреса во Истанбул, Анкара, Кочаели, Трабзон и Хатај. Полицијата упаднала и во вилата на Седат Пекер во Бејкоз. Екипите извршиле претрес и на џипот на Пекер.
„Како резултат на сеопфатните студии иницирани од Одделот за борба против организираниот криминал на Полицискиот оддел во Истанбул со цел откривање на криминалната организација предводена од Седат Пекер и откривајќи ги нејзините дејствија, утврдено е дека организацијата била вклучена во многу кривични дела и членови на организацијата кои ги извршиле овие дела.Во истовремената акција против 63 осомничени во 5 провинции на 09.04.2021 година, многу осомничени беа фатени и приведени како криминалните елементи. Против лицата беа покренати неопходни постапки “, се вели во соопштението на полицискиот оддел во Истанбул.
Фото: Police officers outside Sedat Peker’s villa in Istanbul, Turkey, April 9, 2021. (DHA PHOTO)