Ахтисари заздравува од ковид-19

222

Поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Марти Ахтисари (83) заздравува по тринеделната борба со болеста ковид-19, соопштено е денеска од кабинетот на финскиот претседател.

– Претседателот Марти Ахтисари и неговата сопруга Ива Ахтисари на последните тестирања беа негативни на коронавирусот и продолжуваат за заздравуваат од болеста, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.






Според последните податоци, во Финска се потврдени 3.064 случаи на заразени од коронавирус и 59 умрени.

Поврзани содржини
na