Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба рече дека ќе чекаат да добијат известување од Комисијата за заразни болести за тоа кога би можелo да се одржат изборите.
– Останува идната недела да имаме уште една средба, на која ќе се добијат информациите од соодветните надлежни институции. Во воена состојба сме со невидлив непријател,, во воена состојба збор имаат генералите, а тоа во случајов се лeкарите и епидемиолозите Во воена состојба збор имаат генералите, а во овој случај генералите се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и даваат препораки – рече Ахмети и повика сите да ги почитуваат пропишаните мерки за, како што додаде, „да ја добиеме оваа глобална војна“.