АХМЕТИ ВО „ШЕСТКАТА“, СЕЛА ВО „ПЕТКАТА“, БЕЏЕТИ ВО „КЕЦОТ“ Познати се листите за пратеници на ДУИ и коалицијата

Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.

304

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници.

Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.






„Уставни измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, бе клучните зборови на заедничката програма. Едногласно Генералното собрание на ДУИ го поддржа формирањето на Европскиот фронт и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи. Генералното собрание на ДУИ ги потврди листите со кандидати за пратеници на Европскиот фронт презентирани од претседавачот Ахмети, и тоа:

I-ва изборна единица, носител на листа Блерим Беџети
II изборна единица, носител на листа Садула Дураку
III изборна единица, носител на на листа Сулејман Баки
IV изборна единица, носител на листа Енвер Хусеин
V-та изборна единица, носител на листа Зијадин Села
VI-та изборна единица, носител на листа Али Ахмети

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат Европскиот фронт и нашата кандидатура за претседателските избори д-р. Бујар Османи“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани содржини